Python - II ниво

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
16 Мај 2024
Број на часови
30
Цена на курсот
21.000 МКД

За кого е наменет курсот

Курсот за напреден Python продолжува таму каде што основниот тренинг заврши. Во овој курс фокусот е на објектно ориентираниот дел од Python јазикот и навлегува подетално во претходните теми. Студентите ќе имаат можност да научат најдобри Python практики, подобра организација на проекти, пишување на автоматизирани тестови, работење со повеќе нишки и ќе се запознаат со веб програмирање со користење на Django.

Со овој тренинг студентите ќе се здобијат со знаење кое ќе им помогне подобро да разбираат код напишан во Python и ќе се здобијат со вештина за решавање на покомплексни проблеми самостојно, или пак како дел од тим.

Имајќи го предвид фактот што Семос Едукација од оваа година е авторизирана OpenEDG Python Institute академија, програмата за овој курс е прилагодена и наменета да ги подготви слушателите за полагање на PCAP (Certified Associate in Python Programming certification).


Содржина на курсот

  • Вовед во објектно ориентирано програмирање
  • Основи на објектно ориентирано програмирање
  • Објектно ориентирани концепти и вежби
  • Работа со релациони бази на податоци (SQLite)
  • Работа со нерелациони бази на податоци (MongoDB)
  • Работа со надворешни API requests и JSON податоци и краток вовед во HTTP
  • Вовед во Flask и креирање на мини web апликација
  • Рекурзија и вовед во временска комплексност
  • Итератори и генератори
  • Пишување unit тестови во Python

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе може да:

  • Користење на објектно ориентирани концепти
  • Работа со релациони и нерелациони бази на податоци
  • Работа со готови APIs
  • Работа со кориснички дефинирани APIs
  • Креирање на web апликација во Flask
  • Разбирање на покомплексни Python функционалности
  • Пишување на unit тестови

Kонтакт

Оддел за продажба
+389 75 310 910; +389 2 3130 900

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Open Source Programming Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Слушателите на овој курс потребно е да имаат познавање од основи на Python - I ниво.

Материјал за курсот

Слушателите добиваат книга на англиски јазик “Python Crash Course“.

Сертификација

Со завршувањето на оваа обука ќе бидете подготвени да го положите PCAP (Certified Associate in Python Programming Certification) испитот на Python Institute.

  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатна книга со практични примери и вежби
  • За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура