Програмирање во C++

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
21 Мај 2024
Број на часови
30
Цена на курсот
10.500 МКД

За кого е наменет курсот

Програмскиот јазик C++ е јазик кој овозможува креирање на брзи и моќни програми и целосно го поддржува објектно-ориентираното програмирање.
На курсот слушателите ќе се запознаат со суштината на објектно-ориентираното програмирање и ќе научат како да моделираат објекти со нивните карактеристики и истите да ги претстават во програмски јазик.
Овој курс е наменет за сите средношколци, студенти и вработени кои сакаат да го научат јазикот кој преставува основа на модерните програмски јазици (C# и Java). Курсот претставува вовед и навлегување во светот на програмирање со C++.


Содржина на курсот

  • Вовед во програмирање во С++
  • Променливи, функции и програмска логика
  • Користење на референци и простори на имиња
  • Објектно-ориентирано програмирање
  • Напредни функции: Преоптоварување
  • Наследување
  • Апстрактни класи
  • Friend класи и повеќекратно наследување
  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатен прирачник со практични примери и вежби
  • За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома

Kонтакт

Оддел за продажба
+389 75 310 910; +389 2 3130 900

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Open Source Programming Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат познавање од оперативниот систем Windows и пожелно е да имаат познавање од програмирање во C.

Материјал за курсот

Слушателите добиваат прирачник “Програмирање во C++“.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура