Основни ИТ вештини
Windows, Office, Интернет, Системски алатки

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
6 Апр 2024
Број на часови
66
Цена на курсот
15.600 МКД

Опис на курсот

Основните знаења кои секој корисник на компјутер мора да ги има се изучуваат во оваа програма. Што е компјутер, неговата намена, што е софтвер, а што хардвер и сите други општи знаења децата ќе ги стекнат преку посетата на оваа програма. Овде ќе се запознаат со тоа што е Оперативен систем, а ќе стекнат и знаења за најновиот OS Windows 10.
Децата ќе стекнат знаења и вештини за најкористените и за нив најпотребните апликации, а тоа се MS Word 2016, MS Excel 2016, MS Power Point 2016.
Исто така преку оваа програма децата стекнуваат знаења и вештини кои ќе му се потребни во секојдневниот живот без разлика за што и како го користи компјутерот.
Децата учат да сурфаат и да пребаруваат податоци, да читаат и праќаат електронска пошта и да комуницираат online, но и ја развиваат свесноста за безбедноста и ризиците што ги следат на интернет. Тие ќе се запознаат со функционирањето на одредени компоненти на компјутерот и ќе стекнат вештини со кои сами ќе можат да инсталираат апликации, нив да ги користат и генерално се обучуваат самостојно да го одржуваат компјутерот.
Сите овие вештини и знаења им се потребни сега и ќе им помогнат во совладувањето и претставувањето на стекнатото знаење во редовното училиште.


Содржина на курсот

Windows 10

  • Основи на персонален компјутер
  • Организација на податоци (датотеки и фолдери)
  • Основи на Windows 10
  • Работа со прозорци
  • Работа во Windows Explorer

MS Word 2016

  • Внесување и едитирање на текст
  • Форматирање на текст
  • Работа со параграфи
  • Работа со фајлови
  • Работа со табели, објекти
  • Припрема и печатење

MS Excel 2016

  • Креирање на табели
  • Внесување и едитирање на податоци
  • Форматирање на табела
  • Работа со фајлови и формули
  • Користење на готови функции
  • Сортирање и филтрирање на листи
  • Креирање на графикони
  • Припрема и печатење

MS PowerPoint 2016

  • Креирање на презентација
  • Уредување на презентација
  • Различни прикази на презентација
  • Печатење на презентација
  • Презентација пред родители

Интернет

  • Што е Интернет
  • Компјутерски мрежи, типови и поврзување
  • Сигурност на Интернет и Интернет сервиси
  • Пребарувачки програми
  • Пронаоѓање на содржина на Интернет
  • Он-лине комуникација
  • Користење на електронска пошта
  • Работа со пораки
  • Работа со сандачиња

Системски

  • Хардверски компоненти
  • Расклопување и склопување на куќиште
  • Софтверски компоненти
  • Инсталирање на програми
  • Scan Disc, Defragmenter, Backup
  • Форматирање на компутер
  • Download и Upload
  • Антивируси

Лице за контакт

Елена Петковска
Специјалист за продажба во Детски Едукативен Центар
+389 75 289 722, вторник - сабота 9:00-17:00

Лице за контакт

Кристина Кузманоска
Менаџер на детски едукативен центар
+389 71 262 728, вторник - сабота 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Не се потребни претходни предзнаења.

  • Бесплатни прирачници за секој курс
  • Диплома за завршен курс

Попуст

  • 15% попуст на пакет курсеви
  • Доколку слушателот посетувал било кој од нашите курсеви, за секој нареден курс добива 10% попуст од основната цена.

Начин на плаќање

  • Во готово или со уплатница
  • Дебитна и кредитна картичка
  • 3 рати без камата со кредитна картичка на Стопанска банка
  • На фактура