Autodesk

Autodesk сертификација

Autodesk нуди голем број на можности за сертификација кои ќе Ви помогнат да ги постигнете своите цели, вклучувајќи сертификација за студенти, инструктори, како и за професионалци од индустријата. За сите оние кои сакаат да се стекнат со Autodesk сертификат, можат да ги одберат следните опции:

Ниво 1
Autodesk Certified User (ACU)
Титулата е наменета за оние кои се релативно нови корисници, односно со поминати 40 часа на Autodesk апликацијата и сакаат да докажат основни вештини. Сертификацијата на ова ниво помага да покажат посветеност за академски успех и развој на кариерата.
ACU испитите се полагаат во Certiport тестинг центарот на Семос Едукација. Повеќе информации за закажување на испит прочитајте на следниот линк Certiport тестинг центарот.

Ниво 2
Autodesk Certified Professional (ACP)
Титулата е наменета за oние кои поседуваат напредни вештини и активно користење на Autodesk апликациите од 3-5 години. Сертификацијата на ова ниво укажува на професионалност при користење на Autodesk вештини потребни за да се издвоите од конкуренцијата и да напредувате во кариерата.

ACP испитите се полагаат во Certiport тестинг центарот на Семос Едукација. Повеќе информации за закажување на испит прочитајте на следните линкови Certiport тестинг центарот

Ниво 1
Autodesk certified user (ACU) сертификација

Autodesk Certified User испитите се достапни во 6 различни Аutodesk алатки, секоја од нив е поврзана со различна дигиталната кариера или индустрија. Врз основа на Вашиот интерес, талент и цели во кариерата, изберете една или повеќе Autodesk Certified User сертификации.

  • AutoCAD
  • Revit
  • 3DS Max
  • Maya
  • Fusion
  • Inventor

Сертификатите се валидни 3 години од денот на издавање. Сите сертификати кои се погоре наведени се нудат за најновите верзии од апликацијата. Сертификати во претходни верзии на соодветните апликации имаат валидност со лимитирано време, но не се препорачуваат поради неактуелноста во индустриските трендови.

За повеќе информации поврзани со ACA сертификатите, прочитајте на Certiport.

Напомена

Со посета на официјален Autodesk курс во Семос Едукација, слушателот добива бесплатна подготовка за ACU сертификација, како и еден бесплатен ваучер за полагање.

Ниво 2
Autodesk Certified Professional (ACP) сертификација

Autodesk Certified Professional сертификатот покажува професионални вештини и експертиза во една или повеќе апликации на Autodesk во областа на архитектурата, градежништвото, машинството и филмската индустрија.

  • AutoCAD
  • Revit
  • 3DS Max
  • Maya
  • Fusion
  • Inventor

За повеќе информации поврзани со ACP сертификатите, прочитајте на Certiport.