Adobe сертификација
Adobe нуди голем број на можности за сертификација кои ќе Ви помогнат да ги постигнете своите цели, вклучувајќи сертификација за студенти, инструктори, како и за професионалци од индустријата. Сите оние кои сакаат да се стекнат со Adobe сертификат, можат да ги одберат следните опции:
Ниво 1
Adobe Certified Associate (ACA) сертификат
Титулата е наменета за оние кои се релативно нови корисници на Adobe апликацијата и сакаат да докажат основни вештини. Сертификацијата на ова ниво помага да покажат посветеност за академски успех и развој на кариерата.
ACA испитите се полагаат во Certiport тестинг центарот на Семос Едукација.
Ниво 2
Adobe Certified Associate Specialist (ACAS) сертификат
Титулата се стекнува со три положени Adobe Certified Associate сертификати соодветно во областа на графичкиот дизајн или веб дизајнот.
Ниво 3
Adobe Certified Expert (ACE) сертификат
Титулата е наменета за oние кои поседуваат напредни вештини во Adobe апликациите и истите професионално ги користат во креативните индустрии. Сертификацијата на ова ниво укажува на професионалност при користење на Adobe вештини потребни за да се издвоите од конкуренцијата и да напредувате во кариерата.
ACE испитите се полагаат во Certiport и VUE тестинг центарите на Семос Едукација. Повеќе информации за закажување на испит прочитајте на следните линкови Certiport тестинг центарот и VUE тестинг центар.