Марко Кушевски - Академија за индустриски дизајн

Rising star of the week – Марко Кушевски

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на индустрискиот дизајн?

Здраво, јас сум Марко Кушевски, а одлуката да започнам кариера во областа на индустрискиот дизајн се темели на тоа што отсекогаш сакав да ја имам можноста да ги реализирам замислите и идеите, да можам да ги подобрам постоечките продукти и да ги надградам.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на индустрискиот дизајн?

Завршниот проект на Академијата за индустриски дизајн ми го претстави процесот на индустриски дизајн, започнување од идеја и добивање на реален продукт на крајот. При добивање на продуктот се појавуваа проблеми и грешки кои ме мотивираа да вложам повеќе труд за да го добјам финалниот продукт.

Што би им препорачал на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Индустрискиот дизајн е област која бара креативност и брзо решавање на проблеми. Доколку сте заинтересирани за оваа област не се двоумете, како студент на Академијата за индустриски дизајн на Семос Едукација, ќе добиете реално сценарио, одлично знаење и посветеност од страна на инструкторите.