Кристина Попова - Академија за внатрешен дизајн

Rising star of the week – Кристина Попова

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на внатрешен дизајн?

Здраво, јас сум Кристина Попова, а со внатрешниот дизајн се запознав уште во средно училиште каде што сфатив дека имам желба да цртам, но и дека сакам и понатаму да се занимавам со цртање. Затоа се одлучив за Академијата за внетрешен дизајн на Семос Едукација каде што научив и многу нови нешта.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на внатрешен дизајн?

Завршниот прокт го работев со исклучително внимание за да си покажам сама на себе дека можам, а потоа би сакала токму тој проект да го искористам во моето портфолио со кое би барала работа во оваа област.

Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

На оние што се двоумат би им препорачала да пробаат и сигурно ќе им се допадне оваа креативна професија. Сè што ви треба е волја, креативност и Академијата за внатрешен дизајн на Семос Едукација и веќе сте на патот до успехот!