Емилија Шереметковска - Академија за човечки ресурси

Rising star of the week – Емилија Шереметковска

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на човечки ресурси?

Здраво, јас сум Емилија Шереметовска и отсекогаш сум била заинтересирана за општествените науки. Поради таа причина го продолжив своето образование на Правниот Факултет, но интересот за бизнис, економија и менаџмент не се намали. Најмногу ме заинтригира пронаоѓањето начини за остварување на бизнис целите без експлоатирање на вработените (кое за жал е присутно и денес), откривање на нови алтернативни пристапи за зголемување на продуктивноста, како и пронаоѓање, препознавање и поставување на потребните луѓе на соодветните работни позиции во една компанија. Затоа и знаев дека HR индустријата е вистинската за мене, а Акредитираната HR Академија на Семос Едукација – најдобар избор.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на човечки ресурси?

Сите проекти кои ги изработувавме опфаќаа различни теми од областа на човечки ресурси што сметам е од огромна корист за секој поединец кој сака да изгради кариера во истата. Дополнително, секој слушател станува свесен за обемноста на оваа област и воедно добива појасна слика за тоа кои аспекти се дел од работата на еден HR професионалец.

Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Со оглед на тоа дека областа на човечки ресурси е сè уште недоволно развиена, особено во нашата земја, нема подобро време за старт. За сите кои се пронаоѓаат во областа човечки ресурси, без разлика дали имаат некакво искуство или пак се на самиот почеток од својата кариера, Акредитираната HR Академија на Семос Едукација е совршен чекор напред.