Дарко Богданоски - Академија за внатрешен дизајн

Rising star of the week – Дарко Богданоски

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на внатрешниот дизајн?

Јас сум Дарко Богданоски, слушател на Академијата за внатрешен дизајн во Семос Едукација. Уште како мал се интересирав за сè околу домот. Низ годините собирав магазини и списанија поврзани со внатрешниот дизајн кои ги читав и разгледував со голем интерес, со цел и голема желба еден ден и јас да дизајнирам ентериери. Патеката по која чекориме во животот секогаш се менува и човек не знае каде ќе го однесе. Кога завршив со средното образование се запишав на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. За време на студирањето, како мое хоби и она со што го исполнував слободното време, беше изучувањето на софтвери за графички дизајн, фото-манипулација и 3D дизајн затоа што креативната страна од мене мораше да ја ангажирам и покрај тоа што не го студирав тоа. Во меѓувреме научив многу и започнав со работа како фриленс - Графички дизајнер, а мојата желба и интерес за нови искуства, стана се поголема. Па така мојата страст кон ентериерот и естетиката на живеењето морав да ја задоволам. Кога завршив со студирањето, решив да се преквалификувам и тоа во областа на внатрешниот дизајн - она кое во животот секогаш вистински ме инспирира, и да започнам да чекорам по патеката која ќе го оствари мојот вистински сон. Знаев дека нема подобра почетна точка за ова патешествие од Семос Едукација.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на внатрешен дизајн?

Во изминатите предавања до сега се стекнав со знаења, вештини и квалитети кои најпрво го зголемија мојот интерес за внатрешниот дизајн, а потоа ме инспирираа уште повеќе да вложам во себе и да научам што повеќе за да можам потоа професионално да се впуштам во кариерните води. Завршниот проект се ближи, а секој ден се чувствувам се поподготвен знаењето што го стекнав тука, да го претопам едно уникатно портфолио, сето тоа благодарение на мојата вистинска одлука да  ја отпочнам мојата кариера со Академијата за внатрешен дизајн на Семос Едукација.

Што би им препорачал на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

,,Додека некој се двоуми и се чувствува инфериорно, друг е зафатен со правење грешки и го остварува својот сон“ -Henry C. Link.

На сите оние кои се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област би им препорачал дека често можеме да научиме многу од туѓото искуство, а јас би бил задоволен доколку мојата препорака ги поттикне да го изберат делувањето наместо двоумењето, затоа што и покрај тоа што никогаш не е доцна, сепак времето никого не чека, а соништата нема да се остварат сами.

Тоа што се запишав на Академијата за внатрешен дизајн во Семос Едукација беше вистинскиот избор.

Сите се чувствуваме пријатно во природа, но да бидеме реални, поголем дел од денот го поминуваме во затворен простор, а мојата идеја и замисла за светот е дека баш тој простор треба да биде добро дизајниран, осмислен и уреден, за да човек се чувствува исто толку исполнето и пријатно и дома. Преку работата во оваа област, сите оние кои имаат интерес и талент да можат да го уредат и организираат и најкомплексниот простор, ќе имаат прилика да уредат многу ентериери кои генерации понатаму, ќе направат многу луѓе среќни и задоволни од својот дом.  

Кога е дизајнот на луксузни ентериери во прашање, убавиот резултат е најчесто последица на внимателно и многу прецизно подготвена визија на проектот, па доколку баш ти ја имаш таа визија, започни да ја следиш и реализираш.