Дарио Васов - Академијата за веб дизајн

Rising star of the week – Дарио Васов

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на веб дизајн?

Здраво, јас сум Дарио Васов, студент на Академијата за веб дизајн во Семос Едукација. Отсекогаш ме интересирал дизајнот, како графичкиот, така и веб дизајнот но се одлучив за веб дизајн бидејки сакам да дизајнирам веб страни и да научам програмирање.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на веб дизајнот?

Завршниот проект реално ме научи како е кога повеќе луѓе пишуваат код на ист проект, а Академијата ми овозможи да креирам платформа на која ќе можам да ги прикажам сите мои проекти.

Што би им препорачал на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Би им препорачал само ако се 100% сериозни и сигурни дека ќе се вложат максимално да ја започнат кариерата во оваа област, бидејки академијата или факултетот никогаш нема да може да ве научи сè. Многу работа останува на вас за самите да се снајдете и научите.