Ариета Селими - Академија за внатрешен дизајн

Rising star of the week – Ариета Селими

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на внатрешниот дизајн?

Здраво, јас сум Ариета Селими, а она што мене ми помогна да одлучам за мојата кариера како дизајнер на ентериери беше желбата да ја претставам мојата креативна страна како и задоволството што ми го дава убавиот и естетски ентериер.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на внатрешниот дизајн?

Во оваа професија дизајнерите имаат должност да им овозможат на клиентите максимална удобност и естетска пријатност во нивните места на живеење или престој.

На Академијата за внатрешен дизајн во Семос Едукација не само што научив тоа што го сакам, туку добив мотивација и eден вид преглед за мојата идна професија. Се чуствувам задоволна затоа што академијата ми помогна да се пронајдам себеси во професијата и да бидам во чекор со времето.

Што би им препорачала на оние кои сѐуште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Во одреден период се стекнуваш со основни и напредни знаења со што си подготвен да почнеш со работа.

Затоа превземи чекор за да создадеш сигурна иднина за себе и приклучи се на Академијата за внатрешен дизајн во Семос Едукација!