Rising star of the week Бојана Поп-Анастасова, Софтвер тестер

Rising star of the week Бојана Поп-Анастасова, Софтвер тестер

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на software testing?

Моето име е Бојана Поп-Анастасова, дипломиран геодетски инженер на Градежниот факултет во Скопје. По завршувањето на студиите, процесот за наоѓање работа не ги исполни моите очекувања, па затоа благодарение на мојата амбиција продолжив да го надградувам моето знаење и во други области. После кратко истражување коe го направив за тоа што ќе ми одговара најмногу, одлучив да се запишам на Академијата за Automation Software Tester во Семос Едукација.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на software testing?

Завршниот проект не само што ми даде можност да го прикажaм совладаниот материјал, туку ме натера и да истражувам, а со самото тоа и да се надградувам. Голема благодарност до професорот Фисник Доко кој несебично во текот на целата Академија и по завршувањето на Академијата го пренесуваше неговото огромно знаење на студентите.
Веднаш по завршувањето на Академијата, се вработив во IT компанија како Software Tester. Секојдневно се надградувам и се чувствувам исполнето во новата професија.

 Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Никогаш не е доцна да се започне нешто ново. Доколку не се пронаоѓате во средината во која што сте, не плашете се да направите промена. Доколку сте деталист и амбициозна личност, топло ви ја препорачувам Automation Software Tester Академијата на Семос Едукација.