IT Labs наш Талент партнер

Соработката со Семос академиите започна навистина спонтано

Програмата „Талент Партнери“ на Кариерниот центар во Семос Едукација станува поуспешна од ден на ден, а бројот на Талент Партнери кои го препознаваат квалитетот на слушателите на обуките и Академиите во Семос Едукација и ги вклучуваат во своите практикатски програми, постојано се зголемува. Наш најнов Талент Партнер е компанијата IT Labs, меѓународна компанија за software development.

Кои се IT Labs?

IT Labs е меѓународна компанија за развој на софтвер, софтверски и советодавни услуги. Формирана во 2005 година во САД, IT Labs има за цел да им овозможи на своите клиенти да бидат поконкурентни и поуспешни преку составување на високо-ефикасни и продуктивни тимови, но и на своите вработени да растат и да се развиваат, помагајќи им да го достигнат својот потенцијал. Моментално имаме тимови и канцеларии во САД, Англија, Бразил, Холандија, Србија и секако - Македонија.

 Како изгледа еден работен ден во IT Labs?

Секој ден започнува со Daily scrum meeting на кој колегите меѓусебно си споделуваат важни детали за својата работа, напредокот и предизвиците со кои се соочуваат. Останатиот дел, би рекле дека секој ден е различен и уникатен. Работиме во многу динамична средина во која имаме можност да се вклучуваме во различни активности од работен и рекреативен карактер како Knowledge Sharing и Innovation сесии на кои вработените споделуваат информации за постоечки и нови технологии (Microsoft Azure, DevOps, QA, React..), afterwork дружби организирани од компанијата, реномирани workshops и вебинари на кои познати предавачи имаат свои излагања, mindfulness сесии на кои вработените работат на добросостојбата и многу други помали активности кои вработените си ги организираат самите и се состануваат онлајн, како bookclub meetings. Секако имаме и неколку поголеми активности кои ги организираме на годишно ниво како новогодишни прослави, team building активности, IT Labs Olympics, итн.

Како ја почнавте соработката со Семос Едукација?

Соработката ја започнавме навистина спонтано. Инцијалната комуникација започна во насока на тренинзи и сертификација на нашите тековни вработени, а потоа некако природно дојде и соработката со академиите во рамките на Семос Едукација.

Зошто се одлучивте да бидете Талент Партнери во рамки на Академиите за JavaScript и Automation Software tester?

Преку програмите за практична работа, нашата компанија има долгогодишна пракса на давање помош и поддршка на млади кои сакат да се развиваат и секако, во тие програми се нудат и можности за понатамошно вработување. Одлуката да станеме Талент Партнери беше заснована на фактот дека ЈavaScript & Automaton Software tester се академии кои одговараат на нашите потреби во однос на технологиите кои ги работиме и секако - позитивните примери за квалитетни кандидати кои успеале да бидат дел од нашата тримесечна програма.

Што би им препорачале на слушателите кои изучуваат академии во Семос Едукација?

Континуирано учење е клучот до успехот. Академиите се само почеток. Доколку сакате да бидете најдобри во тоа што го правите, континуираното учење, следењето на трендови и имплементација на наученото без разлика дали на реален или на свој проект е навистина клучно за успехот.