Успешна соработка со Рептил маркети

Семос Едукација создава висококвалификуван кадар за сите области

Кругот на соработници на Семос Едукација сè повеќе се проширува и опфаќа широк спектар на компании со различни дејности. Една од успешните компании со која остваривме плодна соработка во поглед на регрутација на стручен кадар од Академиите на Семос Едукација се и маркетите Рептил. Поразговаравме со нив за искуството со Кариерниот центар на Семос Едукација со пронаоѓањето на нов член на нивниот тим од редовите на Академијата за човечки ресурси.

Кои се Рептил?

Рептил маркетите постојат 25 години и бележат континуиран раст и економски успех од своето основање. Нашата компанија има 19 маркети, он-лајн продавница и големопродажба на територијата на Скопје. Од 01.12.2021 година се проширивме со нови 6 мaркети во градот Виница.
Нашата услуга е нешто со кое најмногу се гордееме и ветуваме дека нашите потрошувачи ќе излезат задоволни при секое нивно пазарување. Оттука произлезе и нашиот слоган кој гласи: „Пазарете со срце и задоволство“.

Рептил маркетите постојано ја одржуваат топлината на локална ( мааалска) продавница со давање врвна услуга на купувачите покрај асортиманот и пристапните цени. Нашата компанија е едно големо семејство која  брои многу вработени од самите почетоци на работењето.

Зошто Кариерниот центар на Семос Едукација?

Сметаме дека е најдобар тренинг центар кој создава висококвалификуван кадар за во сите области. Без сомнение се одлучивме да побараме соработка со нив.

Како Кариерниот центар ви помогна да пронајдете Администратор за човечки ресурси?

Кариерниот центар располага со одредена база на кандидати  кои ја посетиле Академијата за човечки ресурси. Кога кандидатите се селектирани од самиот старт  се олеснува процесот за регрутација  за нас да најдеме соодветно лице за во нашата компанија.

Што најмногу ви се допаѓа во соработката со Кариерниот Центар?

Најмногу ни се допадна  нивната компетентност, достапност во секое време и што одговорија на нашите барања за да препорачаат кандидати какви што ни се потребни.

Што би им препорачале на компаниите кои се соочуваат со предизвици при пронаоѓање на нови членови на нивниот тим?

Со оглед на тоа што секој ден  се е потешко да се најде стручен кадар, ваквиот начин на соработка со Семос Едукација сметаме дека е вистински избор за да најдете  квалификувани вработени  од сите области.