Наш Талент Партнер CodeIT Solution

Успешна соработка со CodeIT Solution

Разговараме со Марија Крагујевска, специјалист за човечки ресурси во CodeIT, компанија специјализирана за развивање на софтвер за долгогодишната соработка со Кариерниот центар на Семос Едукација, како Талент Партнер во JavaScript Академијата и како компанија ментор на летната менторска програма за Java developer.

Кои се CodeIT Solution?

CodeIT Solution е компанија која развива нарачан софтвер, специјализирана за сопствен софтвер за деловни активности и лица. Ние развиваме сопствен софтвер кој одговара на специфични деловни потреби и укажуваме на можните начини за зголемување на продуктивноста и остварување на поголем профит. Нашиот развоен процес вклучува собирање на барања, ставање на нашите идеи на хартија и производство на интелектуално решение, потврдено со обезбедување на квалитет, што претставува фузија на нашата експертиза, подобро управување со проекти и задоволство на клиентот.

Како изгледа еден работен ден во CodeIT Solution?

Најчесто сите тимови го започнуваат својот работен ден со дневен состанок со тимот каде што се разговара за статусот на проектот и се прави план за тековниот ден. Поради статусот кој во моментот го имаме со работа од дома, закажуваме почести состаноци за да може имаме подобра комуникација и побрзо решавање на постоечките проблеми. Кога сме во канцеларија покрај работните активности, сите заедно имаме пауза за ручек и кафе.

Како ја почнавте соработката со Семос Едукација?

Некаде на самите почетоци на компанијата, поточно во 2014 година, се одлучивме на оваа соработка со цел да го зголемиме пристапот до потенцијани квалификувани кадри. Овој пристап се покажа како многу успешен и во повеќе наврати во последните години, дел од отворените позиции во нашата компанија се пополнија токму со студенти од Семос Едукација. Оваа соработка ја однесовме на ново ниво во 2020 година кога станавме и компанија ментор на летните менторски програми за Java developer.

Како Кариерниот центар ве поддржа во потрагата на нови членови на вашиот тим?

Преку редовна комуникација со вработените во Кариерниот центар, добиваме соодветни профили за која и да е отворена позиција која ја имаме кај нас. Во најмногу случаи, Кариерниот центар го прави првиот филтер за влез во нашата компанија, чекор кој ни е од огромна помош во процесот на регрутација.

Што би им препорачале на оние кои размислуваат за отпочнување на кариера во IT областа?

Доколку сакате да бидете дел од една од најбрзо растечките индустрии, Семос Едукација е вистинското место за почеток на IT кариера.