Александар Белешовски JavaScript Developer

Семос Едукација ми даде прилика да се подобрам во работата со JavaScript

Александар Белешовски е студент од JavaScript Академијата на кого членството во Кариерниот центар на Семос Едукација му донесе навистина голем бенефит од студирањето – вработување во IT Labs, една од најуспешните IT компании – соработници на Кариерниот Центар. Александар сподели дел од своите впечатоци од Академијата и патот до вработување во IT Labs и изрази задоволство од соработката со Кариерниот центар.

Кој е Александар? (како би се опишал со неколку зборови?)

● Programmer, Gamer and coffee addict.

Зошто Семос Едукација?

● Семос Едукација е еден од најпознатите едукативни центри во Македонија и има доста голем избор на курсеви, почнувајќи од програмирање, графички дизајн, човечки ресурси итн.

Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација и дали го пренесуваш на други?

● „Не е важно колку си стар, секогаш ќе мораш да учиш”.

Како одлучи да ја посетуваш JavaScript Академијата?

● Учев за основите на Javascript на факултет и сакав да го проширам знаењето што го имав, а Семос Едукација ми даде прилика да се подобрам.

Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?

● Моментално работам како Full Stack MERN Developer, пред обуката не знаев ништо за Node и React, а обуката ми даде голема можност да научам нова технологија која претходно ја немав користено.

Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?

Кариерниот центар се ангажира да ми помогне при пронаоѓање на работа, ме препорачуваа на сите партнери каде што сметаа дека би бил добар фит, па поради тоа сум многу задоволен од нив.

Каков совет би им дал на оние кои моментално бараат работа како JavaScript developer?

● Научете како правилно се користи Google. Треба да знаете како точно да пребарате за да стигнете до решението на вашиот проблем. Ако решението го нема на Google, тоа значи дека погрешно барате или погрешно размислувате за проблемот.