Успешна соработка со Visual Side

Успешна соработка со Visual Side

Кои се Visual Side?

Visual Side е целосно визуелно решение за потребите на компании и индивидуалци. Се стремиме да го подигнеме нивото на една компанија или индивидуалец со цел за нивно најдобро претставување во овој дигитален свет.

Зошто Кариерниот центар на Семос Едукација?

Затоа што најмногу им веруваме во продуцирање на квалитетен кадар преку нивните академии, а и со самото тоа да нивните студенти полесно се вклопуваат во работните обврски и потребите на нашата компанија.

Како Кариерниот центар ви помогна да пронајдете соодветен кандидат за вработување?

Кариерниот центар многу ни помогна во процесот на потрага по нови таленти во областите кои ги нудиме. Благодарение на одличната комуникација со Кариерниот центар и кандидатите од нивната база, дојдовме до соодветен кадар за нашата компанија.

Што најмногу ви се допаѓа во однос на соработката со Кариерниот центар?

Пофални зборови за добрата комуникација и професионалност со кои се карактеризира Кариерниот центар на Семос Едукација.

Што би им препорачале на компаниите кои се соочуваат со предизвици при пронаоѓање на нови членови на нивниот тим?

Би им препорачале да не се двоумат при изборот на доверлив партнер за регрутација на квалитетен кадар. Кариерниот центар на Семос Едукација пружа целосна поддршка во процесот на регрутација и адаптација на кандидатите во компаниите-соработници.