Услуги за компании

Услуги за компании

1. Листа на 3 селектирани кандидати од нашата база

Добивате листа од 3 селектирани кандидати од постоечката база на слушатели на Семос Едукација.

2. Листа од 3 селектирани кандидати од нашата база (слушатели кои го поминале процесот на интервјуирање и/или психолошко тестирање)

Добивате листа од 3 селектирани кандидати од постоечката база на слушатели на Семос Едукација кои поминале низ неколку фази на селекција, во кои спаѓаат интервју и/или психолошко тестирање.

3. Составување опис на работно место и оглас за вработување 

Описот на работно место е витален дел од процесите во Вашата компанија. Добро подготвениот опис на работно место, не е само предуслов за потрага по нови вработени туку истовремено може да Ви помогне во евалуација на Вашите моментални вработени. Процесот на изработка на опис на работно место, покрај познавање на работните обврски, подразбира и правилно поставување на вработениот согласно организациската структура на компанијата и психолошките карактеристики на кандидатот.

Кариерниот центар ќе Ви помогне во составување на прецизен опис на работно место, кој ќе биде во согласност со Вашите потреби и компаниската структура и организација.

Составувањето на оглас, којшто ќе се разликува од останатите и ќе Ве направи конкурентни и забележливи, исто така претставува предизвик. Ние сме спремни да го прифатиме предизвикот и да Ви помогнеме да го составите Вашиот уникатен оглас.

4. Консултантски сесии со експерти од соодветна област (тренери, консултанти, луѓе од пракса) - за компании или пак за индивидуалци

Сесиите може да опфатат: писмени прашања до експертите, индивидуални часови на одредена тема за вработените, посета на консултантот во компанијата каде што на лице место ќе се утврдат проблемите и ќе се понуди решение, итн.
Честопати дури и оние со големо искуство се соочуваат со проблем кој можеби го гледате како нерешлив во одредена ситуација. Тука се нашите тренери кои што можат да Ви помогнат благодарение на огромното теоретско и практично искуство во областите кои ги застапуваат.

5. Понуда на високо-квалификувани експерти за потребите на компанијата (тендер, проект, тековна работа)

Оваа услуга опфаќа кадар со специфични квалификации за соодветни потреби на компанијата, а при тоа не е обврзувачко вработувањето.

6. Услуги од областа на човечките ресурси и администрација

Изработка на правилници, договори, систематизација, администрација, разни акти за потребите на компанијата. 
Кариерниот центар на Семос Едукација може да им ја олесни работата на оние компании кои немаат оддел за човечки ресурси или вработено лице за човечки ресурси. Нашите експерти имаат долгогодишно практично и тренерско искуство и успешно ќе одговорат на Вашите барања за соодветни потреби на компанијата од областа на човечките ресурси.

7. Профилирање на кандидати

Доколку Ви е потребна помош при избор на најсоодветниот кандидат од Вашиот потесен круг на селектирани кандидати, можеме да Ви понудиме поддршка во донесување на правилната одлука. Исто така доколку сакате да унапредите некој од Вашите вработени, меѓутоа не можете да се одлучите, ние можеме да го направиме правилниот избор за Вас.

Процесот на профилирање подразбира евалуација на потенцијални кандидати или веќе вработени со помош на соодветни техники и тестови. Интервјуата и тестирањата ги водат специјализирани експерти од областа на човечки ресурси, психологија и ИТ.

8. Менторски програми

Заеднички градиме кадар согласно Вашите потреби.

Менторските програми се процес кој опфаќа Ваше учество во процесот на обука и градење на кадар на тој начин што креираме програма за соодветен профил. Обврска на компанијата која ќе биде дел од менторските програми е да додели реален проект/задачи во согласност со знаењата на учесниците во програмата и ментор кој ќе ги следи во процесот на обука. Процесот трае во зависност од тоа колку обуки треба да поминат учесниците и какви вештини да стекнат. По завршување на процесот, компанијата има право да изврши селекција на учесниците согласно потребите и да ги вклучи избраните учесници во процес на пракса или вработување.

Лице за контакт

Ивана Чиплаковска
Раководител на Кариерен центар
+389 75 286 839

Контакт

Кариерен центар

За кого се наменети

Компании
Регрутација, тренинг, постојан професионален развој

  • Корпоративен сектор
  • Мали и средни бизниси

Институции

  • Факултети
  • Владини агенции
  • Комори, Индустриски здруженија
  • Професионален и ефективен одговор на Вашата потреба за регрутација и едукација.
  • Вработени кои поседуваат соодветно знаење и искуство.
  • Го водиме целиот процес на регрутација и селекција на кандидати.
  • Со помош на нашите пакети за обука го скратуваме времето за доквалификација и вклопување на новите вработени во работната средина.
  • Сеопфатна обука и развојна поддршка за технички и меки вештини.
  • Пристап до нашата база од висококвалификувани и искусни професионалци за работа на проекти и outsourcing, со можност за ангажирање без обврска за вработување.
  • Помагаме во подготовка и извршување на студентски пракси.

Доколку вработите некој од нашите слушатели, добивате еднократен ваучер со 5% попуст за било која обука во Семос Едукација.