Наш Талент Партнер - 351 Студио

351 Студио – Талент Партнер на Академијата за визуелни ефекти

Здраво Зоран. 351 Studio е компанија која има големо портфолио и високо котира во светски рамки. Неодамна објавивте дека само изминатиот месец имате работено на продукција на 77 видеа. Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за вашата компанија и проектите на кои работите?

351 Студио е всушност е само еден од брендовите на компанијата Скај Ај Ентертејмент од Кавадарци. Накратко, 351 Студио е е целосно насочено кон создавање уникатни и креативни видео решенија за потребите на нашите клиенти кои најголем дел се од музичката индустрија. Создавање на музички видеа, анимирани видеа, lyric видеа, вижуалајзери, рилови, видео содржина за социјални медиуми се само дел од она што ние како услуги им го нудиме на најголемите светски музички издавачки куќи и нивните артисти. Работиме буквално за сите најголеми светски издавачки куќи: Warner Music, Universal Music Group, Sony Music, и нивите најголеми брендови: Atlantic Records, Elektra Music Group, Emi Records, Columbia Records, Epic Records, Capito Records, Spinnin Records и за нивните број еден артисти: Bruno Mars, Cardi B, Jason Derulo, Drake, Ed Sheeran, Taylor Swift, David Guetta, Tiesto, Armin Van Buuren, Alice Cooper, David Bowie…

Да се биде дел од една креативна индустрија како што е видео анимација е навистина интересно и возбудливо. Како изгледа еден работен ден во 351 Studio?

Најубавото нешто во нашиот бизнис е што секој работен ден е поразличен од претходниот. Можноста да оставиш свој белег во светската музичка индустрија со својата креација, да создадеш нов тренд или правец, нешто што ќе биде инспирација или тема на дискусија за многумина е главниот мотив на секој од колегите да го даде својот максимум во она што го работи. Од друга страна, за разлика од филмската, музичката индустрија е супер брза, роковите за испорака понекогаш се бројат буквално во часови, така што често сме во трка со времето и речиси секогаш го победуваме.

Зошто се одлучивте да бидете Талент Партнер во рамки на Академиjaта за визуелни ефекти во Семос Едукација?

Уште кога ја почнувавме нашата приказна, знаевме дека ќе биде тешко да најдеме луѓе кои ќе имаат изградени естетски вредности и барем основно знаење од она што нам ни е потребно па моравме сами да ги обучуваме потенцијалните кандидати, што е прилично долг и скап процес. Во меѓувреме, работите се сменија на позитивно, пред се благодарение на Академијата и Кариерниот центар на Семос Едукација кои ги следат светските трендови и потребите на работодавците. Драго ни е што сме нивни партнери, но посебно сме задоволни од тоа што Семос Едукација нуди одлична основа за секој студент кој во иднина би го продолжил својот развој во компанија од овој сектор. Секако, важно ни е и искуството и знаењето на менторите кои се професионалци во својата област.