Рекоа за нас

Слушатели

"Покрај високото образование, Семос Едукација е втората образовна институција која мора секој да ја посетува за да се усоврши и надогради во својата струка. Нуди одличен избор на курсеви. Семос Едукација е единствена можност за дополнително доусовршување во вашата струка. Искуството кое го стекнав при посетата на курсевите по PHP&MySQL ми овозможи отварање на нови видици и нови можности. Слободно можам да кажам дека учев од професионален кадар и во позитивна атмосфера, со пријателски однос на вработените кои беа секогаш спремни да ми излезат во пресрет. А токму ваквиот пристап е потребен за градење на успешна кариера. Затоа топло ги препорачувам курсевите во Семос Едукација на сите кои сакаат успешно да стекнат вештини и техники потребни за напредок во својата професија. Посебно сум задоволен од Кариерниот центар на Семос Едукација, со помош на кој се вработив во компанија согласно моите квалификации.
Инвестирајте во себе, и станете успешни во својата дејност!"

Кире Ивановски


"По дипломирањето на Факултетот за информатички и комуникациски технологии се одлучив да го надоградам моето знаење со обуките за напредни ИТ вештини кои ги нуди Семос Едукација. Со стипендијата за курсевите “Мајкрософт Веб апликации” се стекнав со огромно професионално искуство поткрепено од искусни Microsoft сертифицирани тренери. По завршувањето на обуките благодарение на Кариерниот Центар на Семос Едукација за препораката, сега сум дел од компанија каде што работам на проекти од областа во која се надоградував. Би им препорачал на сите кои сакаат да напредуваат, да не се двоумат дека ова е навистина чекор поблиску до професионалната кариера. Оваа обука со програмата на Мајкрософт се спроведува во целиот свет со истите материјали и тестирања кои зборуваат за успехот и значењето на истата, помошта од Кариерниот центар при наоѓање на работа е огромна можност за сите оние кои се во потрага по работа!"

Дарко Андонов


"Мојата желба и амбиција да се занимавам со дизајн и креативни идеи, во голема мера ми стана реалност благодарение на висококвалитетните курсеви на Семос Едукација. По дипломирањето на Филолошкиот Факултет решив да се преквалификувам и да се запишам на курсот по графички дизајн, со што ги проширив своите професионални знаења и вештини. Препораката на Кариерниот центар на Семос Едукација ми помогна денес да станам дел од тимот на графички дизајнери во една од најуспешните компании во Македонија.
Затоа искрено би ги препорачал курсевите на Семос Едукација и Кариерниот центар на сите коишто сакаат да изградат успешна кариера."

Виктор Цветковски 


"Формалното образование, во комбинација со професионалното доусовршување се клучот за остварување на амбициите за успешна и продуктивна кариера. Обуките во Семос Едукација ми овозможија да се стекнам со потребното техничко знаење и квалификации за да бидам конкурентен на пазарот на труд. Семос Едукација располага со високо-квалитетен кадар и нуди професионална и пријателска работна околина која е идеална за развој на вашите професионални вештини. Со препорака од Кариерниот центар добив можност да бидам дел од тимот на програмери на една голема компанија. Би ги препорачал обуките во Семос Едукација и Кариерниот центар на сите индивидуалци кои се сериозни за развојот на сопствените вештини и би сакале вистински партнер при почетокот или при развојот на својата професионална дејност."

Александар Стојановски, студент на ФЕИТ

Компании

Во почетокот на 2015 година АрцелорМиттал Скопје склучи меморандум за соработка со Семос Едукација со цел взаемна поддршка во однос на младите кадри и можноста за нивно професионално усовршување во рамки на извршување на практична работа, а воедно и детектирање на потенцијал за можно вработување во нашата компанија.
Во изминатите неколку месеци во АрцелорМиттал Скопје извршуваа пракса група на студенти, препорачани од Кариерниот центар на Семос Едукација и тоа во различни сектори од кои една од праксите премина во вработување.
Како резултат на досегашната успешна соработка со Кариерниот центар на Семос Едукација веруваме во понатамошното заедничко делување.

Маја Поповска – Човечки ресурси
АрцелорМиттал Скопје 


ЕуроБПО и Кариерниот центар на Семос Едукација повеќе од 1 година успешно соработуваат. За овој период на соработка Кариерниот центар докажа дека точно ги разбира нашите потреби со тоа што ни дава најдобри ИТ кандидати, и на тој начин негувајќи ја нашата доверба.
Низ изминатата година, сите кандидати кои се препорачани од Кариерниот центар ни помогнаа да го зголемиме капацитетот на нашата фирма, да ја задржиме и зајакнеме довербата на нашите клиенти и благодарение на Кариерниот центар и нивните обуки на кандидатите – да постигнуваме одлични резултати. Секој кандидат што Кариерниот центар при Семос Едукација ќе го препорача има голема шанса да биде дел од нашиот тим.

Ана Величковска - Човечки ресурси
Euro BPO Скопје


Навистина е чест и задоволство да се соработува со Кариерниот центар на Семос Едукација. Нашето досегашно искуство покажало дека кадрите кои излегуваат од Семос Едукација, се со повисоко ниво на квалитет и знаење и лесно се вклопуваат во динамичната средина на активен развој на проекти. Кога повторно би бирале нов кадар да се приклучи на нашиот тим, Кариерниот центар на Семос Едукација дефинитивно би бил нашиот избор.

Ненад Чубриновски - Проект менаџер
InPlayer Скопје