Васил Чачев - Junior Implementation Engineer

Васил Чачев - Junior Implementation Engineer во Virtual1

Кој е Васил? Со што се занимаваш, која е твојата пасија?

Здраво, јас сум Васил Чачев, а мојата пасија се функционирањето на мрежните системи и компјутерските мрежи.

Какво е твоето искуство со обуките од Семос Едукација?

Моето искуство со обуките од Семос Едукација беше одлично. Курсевите за Cloud Administrator беа спроведени од предавачи со богато знаење кое го пренесуваа со огромен ентузијазам. 

Кои беа твоите кариерни очекувања кога се запиша на обуката?

Кариерното очекување кое го имав кога се запишав на обуката беше надградување и примена на знаењата на моето ново работно место.

Како Кариерниот центар те поврза со компанијата Virtual 1?

Кариерниот центар беше директно и активно инволвиран во потрагата по работодавци во IT сферата која ми беше од интерес.

Рецепт за успех на еден Junior Implementation Engineer (Juniper networking)?

Живееме во свет каде технологијата рапидно се менува од ден на ден, па затоа сметам дека клучно е инвестирањето во сопственото знаење.

Кој совет би им го дал на оние кои сакаат да напредуваат во својата кариера?

Со масовната популаризација на Cloud технологиите, мрежните инфраструктури се имплементираат се почесто. Мрежите и нивното имплементирање земаа голем замав, а со тоа има и потреба од работа со мрежни инфраструктури и нивно одржување.