Активни огласи во Семос Едукација

Активни огласи во Семос едукација

Специјалист за продажба

Потребни квалификации:

  • Висока стручна подготовка (предност Економски или Технички факултет);
  • Познавање на ИТ технологии;
  • Соодветно работно искуство вo продажба минимум 3 години (искуство во продажба во ИТ тренинг компании ќе се смета за предност);
  • Задолжително познавање на англиски јазик;
  • Менаџерски и продажни обуки ќе се сметаат за предност;
  • Возачка дозвола за Б категорија и можност за патување во странство.
  • Комуникациски вештини;
  • Способност за работа под притисок и фокусирање на повеќе работни задачи во исто време;
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Професионален однос кон работни обврски;
  • Способност за преговарање, убедливост и градење однос со потрошувачи;
  • Креативност и проактивност;
  • Ориентираност кон постигнување на цели и резултати;
  • Ефективност и организираност.

Одговорности:

  • Водење, унапредување и промоција на продажбата во земјата;
  • Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
  • Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
  • Остварување на деловни состаноци и презентации;
  • Cold-calling со цел да се создаде интерес за производи и услуги, да се генерираат нови бизнис лидови и да се организираат состаноци;
  • Подготовка на понуди за клиентите;
  • Идентификување на бизнис можности, истражување и анализа на можности за продажба;
  • Препораки за подобрување на профитот и услугите;
  • Изготвување на програма и стратегија за продажба и развој;
  • Организација на обуки и координација со предавачи;
  • Развој на ефективни планови за продажба (бизнис план)
  • Подготовка на тендерска документација, пишување предлози, извештаи и придружна литература;
  • Следење и постигнување на финансиски резултати и таргети;
  • Маркетинг и промоција на портфолио на производи преку директна комуникација со клиенти и преку присуство на настани;
  • Обезбедување квалитет на услугата преку детално познавање на услугите кои компанијата ги нуди;
  • Подготовка на извештаи.

Нудиме:

  • Полно работно време;
  • Можност за развој и напредување;
  • Надоместок со постојана можност за бонуси;
  • Мотивирачка работна средина и можност за тимска работа.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови може да го испратат своето CV и мотивационо писмо со назнака “Специјалист за продажба“ на следната маил адреса: kariera@semos.com.mk.

Само оние апликации кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. Нецелосните апликации нема да бидат земени в предвид.

Хонорарен предавач за .NET технологии (Microsoft)

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на компјутерски / информатички науки;
  • Поседување на сертификати од соодветната област (MCSD: Web Applications);
  • Одлично владеење и работа во следните области:
    • Напредно програмирање во C# програмскиот јазик,
    • Front-end програмирање со HTML5, JavaScript и CSS3,
    • Развој на MVC веб апликации,
    • Искуство во архитектура и планирање на веб апликации,
    • Работа со бази на податоци и Entity Framework при развој на апликации,
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Работно искуство од минимум 3 години во соодветната област;
  • Презентациски и комуникациски вештини;
  • Желба и способност за пренесување и споделување на знаење.

Одговорности:

  • Одржување на Microsoft обуки на студенти и возрасни лица;
  • Развој на наставна програма со употреба на иновативни и интерактивни методи на предавање;
  • Перманентна надградба на знаења и сертифицирање;
  • Посветеност и етичко работење.

Нудиме:

  • Работа со современи технологии;
  • Интересна и динамична работа;
  • Можност за личен и професионален развој;
  • Можност за постојано усовршување со посета на курсеви и сертифицирање;
  • Можност за патување во странство.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови може да го испратат своето CV со назнака “Хонорарен предавач за .NET технологии (Microsoft)“ на следната маил адреса: kariera@semos.com.mk.

Само оние апликации кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Хонорарен предавач за виртуелизациски технологии (VMware)

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на компјутерски / информатички науки;
  • Поседување на сертификати од соодветната област (VMware VCP5-DCV, VCP6-DCV);
  • Одлично владеење и работа во следните области:
    • Напредно познавање на VMware vSphere
    • Напредно познавање на серверски оперативни системи (Windows, Linux),
    • Познавања од област на Дата Центар инфраструктура: SAN Storage, IP Storage, Networking concepts, DNS, Active Directory
    • Познавање на серверска архитектура, хардвер технологии
    • Искуство во архитектура и планирање на инфраструктура за виртуелизација базирана на VMware vSphere
    • Како плус ќе се смета познавање и скриптирање во Power Shell/ PowerCLI, vCLI, BASH,
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Работно искуство од минимум 3 години во соодветната област;
  • Презентациски и комуникациски вештини;
  • Ефикасност и организираност;
  • Самоиницијатива, посветеност и тимски дух за работа;
  • Желба и способност за пренесување и споделување на знаење.

Одговорности:

  • Одржување на VMware обуки на студенти и возрасни лица;
  • Развој на наставна програма со употреба на иновативни и интерактивни методи на предавање;
  • Перманентна надградба на знаења и сертифицирање;
  • Посветеност и етичко работење.

Нудиме:

  • Работа со современи технологии;
  • Интересна и динамична работа;
  • Можност за личен и професионален развој;
  • Можност за постојано усовршување со посета на курсеви и сертифицирање;
  • Можност за патување во странство.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови може да го испратат своето CV со назнака “Хонорарен предавач за виртуелизациски технологии (VMware)“ на следната маил адреса: kariera@semos.com.mk.

Само оние апликации кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Хонорарен предавач за SQL Сервер (Microsoft)

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на компјутерски / информатички науки;
  • Поседување на сертификати од соодветната област (MCSA, MCSE);
  • Одлично владеење на работа со бази на податоци (MS SQL сервер 2008/2012 R2);
    • T-SQL напредно познавање,
    • Искуство во поставување на SQL Server High Availability,
    • Напредно познавање и искуство во администрација на SQL Server,
    • Искуство во дизајнирање на модел на SQL Server бази на податоци,
  • Одлично познавање и искуство со SSIS;
  • Одлично познавање и искуство со SSAS;
  • Одлично познавање и искуство со SSRS;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Работно искуство од минимум 3 години во соодветната област;
  • Презентациски и комуникациски вештини.

Одговорности:

  • Одржување на Microsoft обуки на студенти и возрасни лица;
  • Развој на наставна програма со употреба на иновативни и интерактивни методи на предавање;
  • Перманентна надградба на знаења и сертифицирање;
  • Посветеност и етичко работење.

Нудиме:

  • Работа со современи технологии;
  • Интересна и динамична работа;
  • Можност за личен и професионален развој;
  • Можност за постојано усовршување со посета на курсеви и сертифицирање;
  • Можност за патување во странство.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови може да го испратат своето CV со назнака “Хонорарен предавач за SQL Сервер (Microsoft)“ на следната маил адреса: kariera@semos.com.mk.

Само оние апликации кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.