Linux System Administrator 101
LPIC 101
Аплицирај
Почеток на курсот
16 Јул 2018
Број на часови
40
Цена на курсот
500 еур

LPIC-1: System Administrator

LPIC-1 е првата сертификација во Linux професионалната програма за сертификација на LPI.
LPIC-1 ќе ја валидира способноста на кандидатите да извршуваат задачи во командната линија, инсталација и конфигурација на Linux компјутери и конфигурација на basic networking.

LPIC-1 е дизајниран да го валидира знаењето на кандидатот во реална систем Linux администрација. Целите на сертификатот се поврзани со реалните работни вештини, кои LPI ги утврдуваме преку анкета за анализа на работните задачи за време на развивање на испитот.

Linux System Administration (LPIC Exam 101)

За време на оваа обука ќе научите:

  • Како да користите Linux command-line Tools
  • Како да менаџирате софтвер
  • Како да конфигурирате хардвер уреди
  • Како да менаџирате фајлови
  • Како да бутирате Linux
  • Како да менувате фајлови со користење на текс и GUI едитор

Овој курс ги подготвува учениците за LPIC Exam 101.

За кого е наменет

ИТ професионалци кои сакаат да стекнат кредибилитет за почетно ниво на Linux административни вештини.


Содржина на курсот

Оваа обука се фокусира на 4 клучни области

  • System Architecture
  • Linux Installation and Package Management
  • GNU and Unix Commands
  • Devices, Linux Filesystems, Filesystem Hierarchy Standard

Лице за контакт

Ирена Ивановска
Раководител на Linux Training Department
+389 70 246 146

Потребни предзнаења

За да го посетувате овој курс треба да имате искуство со компјутери и други оперативни системи (како Microsoft Windows), и претходно да имате работено во командна линија на оперативен систем.

Сертификат: LPIC-1 System Administrator

Доколку успешно ги положите испитите 101 и 102, ќе се стекнете со меѓународно призната LPIC-1: System Administrator сертификација.

Практични вежби

Слушателите ќе прават вежби на CentOS дистрибуција, која е целосно коматибилна со RedHat, Scientific Linux, Fedora и многу други Linux дистрибуции. Моменталната CentOS верзија е 6.5. Исто така, учениците ќе користат Debian дистрибуција за задачи поврзани со Debian (верзија 7.4.0).

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура