ISTQB® Software Testing Foundation
Аплицирај
Почеток на курсот
24 Сеп 2018
Број на часови
24
Цена на курсот
400 ЕУР

Опис на курсот

Овој курс е основен курс и е создаден со цел на слушателите да им овозможи знаење за некои од основните принципи на тестирање. Ќе научите како активностите за тестирање ги поддржуваат активностите за развивање во различни модели за развој на софтвер, како и општата терминологија за тестирање. Курсот дава преглед на статичните и динамичните техники на тестирање и како истите да се применат; ве запознава со менаџирање на проблеми при тест, вклучувајќи планирање на тест и проценка, тестирање врз основа на ризик и менаџирање на инциденти, како и поддршка на алатки за тестирање, опишувајќи многу видови на поддршка на алатки, придобивки и потенцијални ризици на алатките и ефективен процес за нивно вклучување во организација.

За кого е наменет:

Foundation Level курсот е во основа наменет за професионалци кои треба да покажат практично знаење за основните концепти за тестирање на софтвер. Тука се вклучени луѓе во различни улоги, како што се: тест дизајнери, тест аналитичари, тест инженери, тест консултанти, тест менаџери, user acceptance тестери и ИТ професионалци.


Содржина на курсот

  • Вовед во тестирање на софтвер
  • Процес на тестирање на софтвер
  • Животен циклус на развој на софтвер
  • Нивоа на тестирање
  • Видови тестирање
  • Животен циклус на дефекти
  • Тест артефакти (тест план, тест стратегија, тест скрипти, тест сценарија, тест услови, тест процедура, тест сетови)
  • Статични и динамични техники на тестирањето на софтвер
  • Алатки кои се користат при процесот на тестирање на софтвер
  • Менаџмент на тест

Лицата кои ќе се сертифицираат за ова ниво ќе можат:

  • Да користат заеднички јазик за ефикасна и ефективна комуникација со други тестери и проект стејкхолдери.
  • Да ги разберат воспоставените концепти на тестирање, процесот на основно тестирање, пристапите кон тестирање, и принципите со кои се поддржуваат целите на тестирањето.
  • Да дизајнираат и даваат предност на тестови користејќи воспоставени техники; анализа на функционалните и нефункционалните спецификации (како перформанси и употребливост) на сите тест нивоа за системи од ниско до средно ниво на комплексност.
  • Да извршуваат тестови во согласност со договорени тест планови, да анализираат и прават извештаи за резултатите од тестирање.
  • Да напишат јасни и разбирливи извештаи за инциденти.
  • Ефективно да учествуваат во анализа на мали до средни проекти.
  • Да бидат запознаени со различните видови на алатки за тестирање и нивните употреби; да помагаат во процесот на избор и имплементација.

Лице за контакт

Ирена Ивановска
Раководител на ISTQB Training Department
+389 70 246 146

Потребни предзнаења за курсот

ISTQB® Certified Tester Foundation Level курсот е соодветен за секое лице кое е вклучено во тестирање на софтвер. Како и да е, ISTQB препорачуваат секој кандидат да има минимално познавање на развој на софтвер или тестирање на софтвер.

Материјали за курсот

Како дел од курсот ќе ги добиете следните материјали:

  • Книга
  • Индивидуални материјали со вежби и решенија
  • Индивидуални испити за вежбање, со решенија

Испит

  • Формат на испитот: онлајн.
  • Прашања: 40 прашања со повеќе одговори.
  • Испитот се положува со: 65% / 26 поени
  • Времетраење на испитот: 60 минути.
  • Надгледување: во живо

Сертификат: ISTQB® Certified Tester Foundation Level

Наредни курсеви кои може да ги посетувате

  • ISTQB Agile Tester
  • ISTQB Advanced Test Manager
  • ISTQB Advanced Test Analyst
  • ISTQB Advanced Technical Test Analyst

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура