Cisco официјални курсеви
Cisco Learning Partner
Аплицирај
Број на пакети
9

Што е Cisco Learning Partner (CLP)?

Семос Едукација е компанија која е во бизнисот со едукација од 1995 година на територијата на Република Македонија и соседните земји и покрива едуцирање на светски познати брендови како Cisco, Microsoft, Oracle/Java. На почетокот на 2010 Семос Едукација ги задоволи CISCO стандардите за да стане Cisco Learning Partner (CLP), и сме единствени кои може да ги држат официјални CISCO курсеви, како и единствени кои имаат Cisco CCSI (Cisco Certified System Instructors) сертифицирани и лиценцирани тренери.

  • Зголемена продуктивност - секој час од обуката на крајниот корисник и ИТ професионалец, враќа во просек најмалку 5 часа на продуктивноста во компанијата
  • Зголемени ИТ повратни инвестиции - стекнување на професионални особини и вештини со кои луѓето можат да ги извршуваат своите работни задачи со користење на Cisco технологиите, при што успехот на компанијата се зголемува
  • Зголемена конкурентна предност – да се биде на врвот на Cisco технологиите, значи поголема шанса да се биде пред конкуренцијата
  • Зголемена лојалност на вработените – инвестирање во обука и тренинг кај вработените, придонесува со нивна зголемена лојалност кон компанијата
  • Опција за лесни купувања - Cisco Learning Credits е метод за плаќање на тренинг за Cisco, поедноставување на административен буџет, правење нарачки.

Cisco Certification Track

Лице за контакт

Цеко Тодоровски
Раководител на Cisco Official Training Department
+389 78 441 752

Cisco Learning Partner

Cisco Learning Partners се единствениот овластен комерцијален извор на Cisco официјална обука. Тие се уникатно квалификувани да понудат водечки тренинг на ИТ пазарот за последните достигнувања во Cisco технологијата. Исто така може да ја прилагодат Cisco обуката според потребите на слушателите.

Само Cisco Learning Partners нудат авторизирана Cisco обука.

Ексклузивно право

Семос Едукација e единствен Cisco Learning Partner на територијата на Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Соработка

Покрај предавање на стандардните почетни и професионални CISCO курсеви, Семос Едукација како CLP е авторизиран за креирање и одржување на специјално прилагодени (custom) CISCO курсеви според потребите на слушателите.

Зошто да ги слушате CISCO курсевите?

  • Содржина одобрена од страна на Cisco и креирана од Cisco тимовите
  • Обуката се спроведува од овластени Cisco CCSI инструктори
  • Ги добивате најновите Cisco официјални материјали
  • Строга гаранција за квалитет, управуван од страна на Cisco онлајн систем за оценување
  • Лабораториски вежби кој се според најновата Cisco опрема
  • Симулации креирани од Cisco за подготовки на Cisco испити
  • Сеопфатни потреби за учење и анализирање на вештини
  • Прилагодени курсеви кои користат Cisco содржини

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура