Revit Structure
Autodesk Авторизиран Тренинг
Аплицирај
Почеток на курсот
6 Јун 2018
Број на часови
40
Цена на курсот
13.650 МКД

За кого е наменет курсот

Autodesk Revit Structure е дел од моќната мултидисциплинарна РЕВИТ платформа која овозможува креирање на интелигентни параметрични модели на објекти од високоградбата. Revit Structure апликацијата е наменет за градежните инженери за проектирање и анализа на носивите конструкции од челик или бетон, изработка на арматурни детали, како и оптимизација на решенијата преку автоматска проверка на комплетниот проект. РЕВИТ ги намалува трошоците и времето за изработка на проектите, а воедно го зголемува нивниот квалитетот и сигурност.


Содржина на курсот

  • Вовед во Autodesk Revit Structure
  • Основни алатки за моделирање и едитирање
  • Подесување на нивоа и мрежи
  • Работа со погледи
  • Започнување на конструктивен модел врз база на линкуван архитектонски модел
  • Додавање на столбови и ѕидови
  • Додавање на темели и плочи
  • Додавање на арматура
  • Греди, решетки и структурални системи
  • Аналитички модел и додавање на товари
  • Проектни практики
  • Техничка документација
  • Ознаки во техничка документација
  • Детали
  • Количински предмер
  • Обука во Autodesk Авторизиран Тренинг Центар
  • Работа на лиценциран Autodesk софтвер
  • Обука спроведена од страна на Autodesk Certified Instructor
  • Литература во најновата верзија со вежби за секој курс
  • Сертификат за посета на курс издаден од Autodesk

Лице за контакт

Мирослав Клампфер
Раководител на Autodesk Training Department
+389 70 358 369

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основно познавање на работа со компјутери и Windows.

Материјал за курсот

  • Официјална литература на Autodesk - Autodesk Official Training Courseware на англиски јазик и ЦД со вежбите.
  • По завршување на курсот секој слушател добива Autodesk Certificate of Completion.

Сертификат: Autodesk Certified User

Јаките дизајнерски софтверски вештини секогаш се одлично средство за напредок  во академските и професионалните области. Учењето на врвните дизајнерски софтвери од Autodesk заедно со Autodesk User Certification им дава можност на сите студенти да имаат огромна предност во образованието или кариерата.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура