Revit Architecture Advanced
Autodesk Авторизиран Тренинг
Аплицирај
Почеток на курсот
25 Окт 2018
Број на часови
40
Цена на курсот
13.650 МКД

За кого е наменет курсот

Autodesk Revit Architecture Advanced курсот е специјално дизајниран курс наменет за постојните Ревит корисници со цел да овозможи комплетно користење на најпопуларната БИМ платформа во светот – РЕВИТ. Програмата ги опфаќа сите аспекти со кои еден корисник се сретнува при проектирање на објекти од високоградбата, а кои не се опфатени со Autodesk Revit Fundamentals курсот.


Содржина на курсот

  • Креирање на прилагодени темплејти со стилови за означување, рамки и ознаки
  • Креирање на напредни листи со предмер пресметки и формули
  • Креирање на прилагодени ѕидови, кровови, плочи итн.
  • Поставување на фамилии
  • Креирање на геометрија за фамилии
  • Креирање на различни типови на фамилии
  • Креирање на специфични фамилии, профили, ознаки и параметри
  • Работа со концептуални модели и изработка на студии
  • Конверзија на концептуалните модели во конкретни објекти
  • Употреба на алатките за планирање на просторот и анализи
  • Креирање на персективи, скици, разложени модели и соларни студии
  • Разбирање на концептите за рендерирање и осветлување
  • Креирање на топографски 3д модели на терен
  • Додавање на парцелни линии и подлоги на објектите
  • Модификација на 3д терени и додавање на урбана опрема
  • Додавање на коти и ознаки на приказите на теренот
  • Работа со напредни параметри
  • Креирање на структурална модуларна мрежа, додавање на столбови на неа
  • Работа со темели
  • Работа со греди и гредни системи
  • Креирање на комплексни форми
  • Обука во Autodesk Авторизиран Тренинг Центар
  • Работа на лиценциран Autodesk софтвер
  • Обука спроведена од страна на Autodesk Certified Instructor
  • Литература во најновата верзија со вежби за секој курс
  • Сертификат за посета на курс издаден од Autodesk

Лице за контакт

Мирослав Клампфер
Раководител на Autodesk Training Department
+389 70 358 369

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основни познавања на работа со Autodesk Revit Architecture.

Материјал за курсот

  • Официјална литература на Autodesk - Autodesk Official Training Courseware на англиски јазик и ЦД со вежбите.
  • По завршување на курсот секој слушател добива Autodesk Certificate of Completion.

Сертификат: Autodesk Certified User

Јаките дизајнерски софтверски вештини секогаш се одлично средство за напредок  во академските и професионалните области. Учењето на врвните дизајнерски софтвери од Autodesk заедно со Autodesk User Certification им дава можност на сите студенти да имаат огромна предност во образованието или кариерата.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура