Adobe InDesign CC
Adobe InDesign CC + ACA испит
Аплицирај
Почеток на курсот
15 Ное 2018
Број на часови
30
Цена на курсот
11.800 МКД

Опис на курсот

Adobe InDesign CC е моќна апликација за дизајн на страница и изглед на документот која нуди прецизност, контрола, и лесна интеграција со другите Adobe професионални графички софтвери. Со користење на InDesign, можете да произведете документи со професионален квалитет целосно во боја и да ги отпечатите на различни излезни уреди, вклучувајќи десктоп печатари, уреди за печатење на слики со висока резолуција, и преси за печатење во боја со висока капацитет. Вие исто така може да креирате, подготвувате за печатење и публикувате разни документи од печатени книги и брошури до дигитални списанија, iPad apps, eBooks и интерактивни онлајн книги. 
Целта на овој предмет е запознавање со основите на десктоп издаваштво кое овозможува дизајнирање и објавување на документи, како и да Ви помогне да се стекнете со Adobe Certified Associate (АСА) сертификат. Наменет е за писатели, уметници, дизајнери и издавачи кои можат да комуницираат со поширока публика од кога било досега и преку различни медиуми. InDesign ова го подржува со својата лесна интеграција со другите компоненти од Adobe Creative Cloud.


Содржина на курсот

  • Како да започнете
  • Запознавање со работната околина
  • Запознавање со InDesign
  • Подесување на документ и работа со страници
  • Работа со објекти
  • Прередување на текст
  • Уредување на текст
  • Работа со типографија
  • Работа со боја
  • Работа со стилови
  • Внесување и модифицирање на графики
  • Креирање на табели
  • Работа со транспарентност
  • Печатење и експортирање
  • Подготовка за испит

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе се стекне со вештини да:

  • Креира документ и поставува параметри согласно намената
  • Уредува документ и работи со страници
  • Модифицира постоечки дизајн на страни
  • Работи со објекти и истите ги организирање со слоеви
  • Трансформира и модифицира објекти
  • Прередува и форматира текст
  • Работи со типографија и хифенација
  • Користи боја со акцент на композиција
  • Работи со стилови за карактер и параграф
  • Додава ефекти и транспарентност
  • Внесува фајлови од други апликации и модифицира графики
  • Креира табели
  • Работи со темплејти
  • Технички припрема документ за веб и печатење
  • Официјална обука во Adobe Авторизиран Тренинг Центар
  • Adobe Certified Instructors по најнови верзии
  • Лиценциран Adobe софтвер во училница
  • Официјална наставна програма од Adobe согласно најновото издание на книгите - Classroom in a book со вклучени вежби
  • Официјален сертификат за посета на курс издаден од Adobe
  • Можност за стекнување на меѓународно признат сертификат - Adobe Certified Associate (АСА) за соодветна Adobe апликација. Подготовката за АСА испит и еден ваучер за полагање се вклучени во цената на Adobe курсот.

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Adobe Training Department
+389 71 223 993, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Oсновни познавања за работа со компјутери и оперативниот систем Windows.

Материјал за курсот

Најновото издание од книгата "Adobe InDesign CC classroom in a book" е дел од официјалниот серијал за обука на Adobe софтверот, развиена со поддршка на Adobe експертите. Вежбите се дизајнирани на начин да Ви овозможат учење според вашите потреби и ритам на учење. Вклучен е сет од практични материјали за подготовка на испит.

Сертификат: Adobe Certified Associate in Print & Digital Media Using Adobe InDesign

Adobe Certified Associate (ACA) сертификацијата е одлична оценка за владеење со апликацијата која ги потврдува вештините во печатените и дигиталните медиуми користејќи ја Adobe InDesign апликацијата. Сертификацијата на ова ниво помага да ја покажете посветеноста за академски успех и развој на кариерата.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура