3D Studio Max Design
3D Studio Max Design
Аплицирај
Почеток на курсот
24 Ное 2018
Број на часови
30
Цена на курсот
6.800 МКД

Опис на курсот

Еден од најкреативните курсеви за деца, каде децата ги развиваат своите креативни вештини е курсот за 3D Studio Max. Се запознаваат со 3Д просторот и учат истиот да го разберат. 3D Studio Max e програм кој овозможува изработка на тродимензионални графики – слики и анимации. Многубројните вградени ефекти ја олеснуваат изработката на специјалните видео монтажи.


Содржина на курсот

  • Алатки за селекција и манипулација, навигација и прилагодување на работниот простор, мерни единици.
  • Креирање на основни 2Д форми и менување на нивните параметри
  • Изработка на сложени 2Д форми и нивно едитирање.
  • Креирање на едноставни 3Д објекти од сложени 2Д форми.
  • Прецизно цртање со помош на align и snap
  • Изработка на врати и прозори и прецизно поставување на ѕид
  • Креирање на стандардни и продолжени 3Д објекти
  • Изработка на сложени 3Д објекти (пресек помеѓу два или повеќе објекти)
  • Вовед во Материјали и работа со материјал едитор
  • Креирање на едноставни материјали и менување на нивната рефлексија и текстура
  • Доделување на различни материјали на различни делови од објект
  • Креирање на библиотека од материјали
  • Снимање на материјали
  • Вовед во анимација
  • Креирање на основна анимација
  • Вовед во камери
  • Креирање на едноставни анимации
  • Користење на curve editor
  • Анимирање на камери со помош на path constraint (движење на камери по патека)
  • Вовед во светла
  • Дневно осветлување (daylight system)
  • Светлечки тела (free light, target light)
  • Визуелизација на финален производ (render)
  • Вовед и инсталација на vray

Лице за контакт

Наташа Ристеска Тодоровска
Раководител на Детски Едукативен Центар
+389 71 262 728, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основни познавања на работа со компјутери и Windows.

  • Секое дете работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатни прирачници за секој курс
  • Диплома за завршен курс

Попуст

  • Доколку слушателот посетувал било кој од нашите курсеви, за секој нареден курс добива 15% попуст од основната цена.
  • За уплата на два курса однапред се добива попуст од 20% попуст на целосната сума.

Начин на плаќање

  • Во готово или со уплатница
  • Дебитна и кредитна картичка
  • Рати без камата со кредитна картичка на Стопанска банка
  • На фактура