Основни ИТ вештини
Windows, Office, Интернет, Системски алатки + IC3 Spark испит
Аплицирај
Почеток на курсот
24 Ное 2018
Број на часови
66
Цена на курсот
14.000 МКД

Опис на курсот

Основните знаења кои секој корисник на компјутер мора да ги има се изучуваат во оваа програма. Што е компјутер, неговата намена, што е софтвер, а што хардвер и сите други општи знаења децата ќе ги стекнат преку посетата на оваа програма. Овде ќе се запознаат со тоа што е Оперативен систем, а ќе стекнат и знаења за најновиот OS Windows 10.
Децата ќе стекнат знаења и вештини за најкористените и за нив најпотребните апликации, а тоа се MS Word 2016, MS Excel 2016, MS Power Point 2016.
Исто така преку оваа програма децата стекнуваат знаења и вештини кои ќе му се потребни во секојдневниот живот без разлика за што и како го користи компјутерот.
Децата учат да сурфаат и да пребаруваат податоци, да читаат и праќаат електронска пошта и да комуницираат online, но и ја развиваат свесноста за безбедноста и ризиците што ги следат на интернет. Тие ќе се запознаат со функционирањето на одредени компоненти на компјутерот и ќе стекнат вештини со кои сами ќе можат да инсталираат апликации, нив да ги користат и генерално се обучуваат самостојно да го одржуваат компјутерот.
Сите овие вештини и знаења им се потребни сега и ќе им помогнат во совладувањето и претставувањето на стекнатото знаење во редовното училиште.
На крајот на курсот полагаат испит IC3 Spark, со кој имаат можност да го добијат нивниот прв меѓународно признат сертификат од областа на ИТ вештините.


Содржина на курсот

Windows 10

  • Основи на персонален компјутер
  • Организација на податоци (датотеки и фолдери)
  • Основи на Windows 10
  • Работа со прозорци
  • Работа во Windows Explorer

MS Word 2016

  • Внесување и едитирање на текст
  • Форматирање на текст
  • Работа со параграфи
  • Работа со фајлови
  • Работа со табели, објекти
  • Припрема и печатење

MS Excel 2016

  • Креирање на табели
  • Внесување и едитирање на податоци
  • Форматирање на табела
  • Работа со фајлови и формули
  • Користење на готови функции
  • Сортирање и филтрирање на листи
  • Креирање на графикони
  • Припрема и печатење

MS PowerPoint 2016

  • Креирање на презентација
  • Уредување на презентација
  • Различни прикази на презентација
  • Печатење на презентација
  • Презентација пред родители

Интернет

  • Што е Интернет
  • Компјутерски мрежи, типови и поврзување
  • Сигурност на Интернет и Интернет сервиси
  • Пребарувачки програми
  • Пронаоѓање на содржина на Интернет
  • Он-лине комуникација
  • Користење на електронска пошта
  • Работа со пораки
  • Работа со сандачиња

Системски

  • Хардверски компоненти
  • Расклопување и склопување на куќиште
  • Софтверски компоненти
  • Инсталирање на програми
  • Scan Disc, Defragmenter, Backup
  • Форматирање на компутер
  • Download и Upload
  • Антивируси

Испит IC3 Spark

  • Полагање на испитот IC3 Spark

Лице за контакт

Наташа Ристеска Тодоровска
Раководител на Детски Едукативен Центар
+389 71 262 728, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Не се потребни претходни предзнаења.

  • Секое дете работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатни прирачници за секој курс
  • Диплома за завршен курс
  • Полагање на испитот IC3 Spark

Сертификат: IC3 Spark

IC3 Spark специјално е дизајниран за помладата популација и ги валидира вештините на три главни области: компјутерски основи, клучни апликации и живот онлајн.

Потребата од основна дигитална писменост и вештини е тема која станува значително релевантна посебно за младата популација. IC3 Spark претставува решение со кое им се нуди помош на децата од основно училиште да ги научатт и усвојат критичните вештини кои ќе им се потребни за успех во свет каде технологијата постојано се менува. Како прв чекор во дигиталната писменост, IC3 Spark е идеално решение за да им помогне на учениците да развијат страст за технологијата и да креираат посветла иднина.

Попуст

  • За целосна уплата на курсот однапред следува 15% попуст.
  • За уплата на два курса однапред се добива попуст од 20% попуст на целосната сума.

Начин на плаќање

  • На 4 рати во готово, со уплатница и картичка
  • Рати без камата со кредитна картичка на Стопанска банка
  • На фактура